Премиерот Зоран Заев на Фејсбук упати сочувство до фамилијата и пријателите на пулмологот!

Објавил: Владо Марин | 16 октомври, 2020 6:23

Починатиот доктор Трајче и Ема беа во брак две години: Неговата ќеркичка Јована неодамна наполни две години- ТАА Е МОЈАТА ПРИНЦЕЗА(фото)

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Пред два дена се случи тешка сообраќајна несреќа што се случи на улицата „Рузвелтова“ околу 16.30 часот, почина 32-годишниот Трајче Нешковски, кој порано беше потпретседател и генерален секретар на СДММ.

Т.Н. се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен на Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде починал.

Починатиот доктор Трајче Нешковски заедно со сопругата Ема!

Со телесни повреди се здобила Г.К., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.

Според неофицијални информации, Нешковски доживеал срцев удар по што изгубил контрола врз автомобилот.

На социјалните мрежи тој често објавуваше фотографии заедно со сопругата Ема и ќерката Јована кои му биле целиот свет!

Трајче беше две години во брак со Ема, а од нивната љубов се роди малата Јована која неодамна наполни две години!

Трајче Нешковски, беше специјалист интернист од Клиниката за пулмоалергологија.


Ќеркичката Јована неодамна наполни две години! Таа е мојата принцеза, велеше Трајче!

Премиерот Зоран Заев на Фејсбук упати сочувство до фамилијата и пријателите на пулмологот!

Трајче ќе остане запаметен како голем човек, борец за својата земја, за граѓаните, за социјалдемократските вредности, успешен доктор и човек кој силно го сакаше својот роден град, Гостивар.

Упатувам искрено сочувство до фамилијата и пријателите, како и другарите и соработниците од Социјалдемократската младина на Македонија, напиша премиерот Заев!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam