Неговата актерска кариера траеше децении и од актерските награди освои Оскар, две награди Бафта и три Златен глобус.

Објавил: admin@magazin | 31 октомври, 2020 14:23

Почина актерот Шон Конери

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Шкотскиот актер Шон Конери почина на 90 години, соопшти неговото семејство.

Конери беше најпознат по улогата на Џемс Бонд и го глумеше британскиот шпиун во седум филмови.
Неговата актерска кариера траеше децении и од актерските награди освои Оскар, две награди Бафта и три Златен глобус.

Роден во работничко семејство во Единбург, Конери стана Џејмс Бонд во 1962 година, по неколку помали улоги во британски филмови. Пред тоа бил во кралската морнарица, работел како млекар и бил посветен бодибилдер и солиден фудбалер.

За филмот „Недопирливите“ во 1988 година освои „оскар“ за најдобра споредна улога и истовремено се здоби со слава благодарение на серијалот „Индијана Џонс“. Тој одби да се појави во четвртиот дел на „Индијана Џонс“, велејќи дека ужива во пензијата.

Последниот филм го сними во 2003 година, а од јавниот живот целосно се повлече во 2011 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam

Познатиот фудбалер и тренер почина во петокот на 54-годишна возраст по долга и тешка битка со леукемијата.

ПОСЛЕДНО ЗБОГУМ: Семејството покрај ковчегот, граѓаните се простуваат од Михајловиќ

Голем број граѓани на Рим од утрово чекаат пред римската општина Кампидољо, за да му...

Вечерва во Белград ненадејно на 56-годишна возраст почина Ксенија Вучиќ, мајка на нашите две деца Данило и Милица и мојата прва сопруга.

За местото и датумот на погребот ќе ги информираме семејството и пријателите подоцна!

Ксенија Вучиќ новинарската кариера ја започна во ТВ Студио Б, работеше на радио станиците Фокус и Индекс, а последните години беше уредник и директор на кабелскиот канал на РТВ Пинк.

Погребана Ксенија Вучиќ: Српскиот претседател во придружба на своите деца пристигна на Ново Гробје

Новинарката и екс сопруга на српскиот претседател Александар Вучиќ, денеска ќе биде...

Како што наведе Вучиќевиќ, Ксенија починала на рацете од својот син. Најверојатно се работи за проблеми со срцето!

ПОЧИНА НА РАЦЕТЕ ОД СВОЈОТ СИН: Откриена причината за смртта на Ксенија Вучиќ

Новинарката и прва сопруга на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, Ксенија Вучиќ...