По објавата на информациите во македонските медиуми, во Софија му беше прекинат работниот однос.

Објавил: Владо Марин | 13 декември, 2020 15:38

Почина гинекологот Николче Дамчевски како последица на Ковид 19

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Од компликации на Ковид-19 во Софија почина Николче Дамчевски, пребеганиот македонски гинеколог осуден за тешки дела против здравјето на луѓето и за несовесно лекување!

Доктор Дамчевски беше македонскиот гинекологот осуден на две години затвор за тешки дела против здравјето на луѓето и за несовесно лекување, а лекарската комора му ја одзема лиценцата на седум години.

Се пишуваше дека Дамчевски е избеган во Софија и врши прегледи на пациентки, полицијата не успеа да го најде.

По објавата на информациите во македонските медиуми, во Софија му беше прекинат работниот однос.

Вчера исто така 41-годишниот д-р Дашмир Дервиши од тетовското село Боговиње ја загуби битката со Ковид-19. Трагичната вест за матичниот лекар ја соопшти и градоначалникот, Албон Џемаили!

Веста за неговата смрт ја објави месната заедница од Боговиње, а ја потврди и градоначалникот, Албон Џемаили.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam