Новачевски кој е роден во Битола во 1956 година, со години живееше во Мелбурн, Австралија!

Објавил: admin@magazin | 10 февруари, 2022 21:46

ПОЧИНА КОМПОЗИТОРОТ ТОДЕ НОВАЧЕВСКИ

Фото/Текст извор: ©магазин/24 вести

Почина Тоде Новачевски, еден од најдобрите македонски композитори и поранешен сопруг на пејачката Маријана, после долго боледување од рак на белите дробови.

Новачевски беше синоним за најпопуларниот сестрински дует кај нас и песната „Признавам“, испеана од Маријана и Росана. Песната првпат е изведена во октомври 1989 година на „Макфест“.

Тој повеќе децении беше во брак со Маријана, минатата година откри дека веќе две години се бори со карцином, но зборуваше и за подемите и падовите во бракот со Маријана и разводот.

Новачевски кој е роден во Битола во 1956 година, со години живееше во Мелбурн, Австралија.

Остави голема трага во македонската музика, со безвременските хитови во изведба на дуото Маријана и Росана. „Признавам“, „Ако не исчезнам“, „Верувај ми“, „Венера“, „Око мое“, „Има една судбина“.„Свири ми брате цигане“како и музиката за серијата „Трст виа Скопје“. 

Во бракот со Маријана имаа две деца. Новачевски до неодамна беше активен на социјалните мрежи.

Во една пригода напиша:

„Од љубовта, од вистината и од својата судбина не избегал никој, драги мои. Не избегав ни јас. Ако со некоја моја песна, музика или било каква мала добрина сум ве израдувал малку, еве ми го најубавиот момент, да сум најсреќен и најспокоен човек на светот. Само заради тоа.“ 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam