"И не кажувајте дека Арета се врати на местото на настанот! Таа никогаш не ни заминала!"

Објавил: Мирко Бачиќ | 16 август, 2018 19:13

Почина кралицата на соул музиката Арета Френклин

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Кралицата на соул музиката или “Lady’s Soul” Арета Френклин почина во Детроит на 76 годишна возраст.

Легендарната пејачка се бореше со ракот од 2010 година а минатата година најави и повлекување од сцената и ставање крај на својата кариера.

Последните неколку недели и членови од нејзинот семејство повикаа нејзините фанови да се молат за неа.

Последниот настап пред публика и беше во ноември 2017 година кога излезе на хуманитарен концерт во организација на фондацијата на Елтон Џон.

“Тоа беше волшевно шоу!” – коментираа медиумите не можејќи да не забележат дека Арета веќе има проблеми со истоштеноста и дехидрацијата.

Покрај ракот Арета Френклин исто така се бореше со алкохолни зависности и проблеми со тежината во текот на нејзиниот живот.

Ѕвездата на соул музиката е кума на трагично загинатите Витни Хјустон за која се смета дека е една од најдобрите пејачки кои некогаш се појавиле на сцената.

Арета е роден на 25-ти март 1942 година во Тексас.

Култната песна на Арета “Kажи мала молитва”

Од детството пее во црковниот хор на нејзиниот татко кој е свештеник.

На возраст од 18 години таа одлучува да се пробие во комерцијална музика и тоа со голем успех.

Останува во историјата на музиката со песни како “Почит” – “Природна жена” – “Кажи мала молитва”.

Изведувач е со најпознатите наградувања во историјата со импресивни 18 Греми награди.

Френклин беше првата жена со ѕвезда на алејата на славните на Rock’n’roll.

[ngg_images source=”galleries” container_ids=”18″ display_type=”photocrati-nextgen_pro_horizontal_filmstrip” image_crop=”0″ image_pan=”1″ show_playback_controls=”1″ show_captions=”0″ caption_class=”caption_overlay_bottom” caption_height=”70″ aspect_ratio=”1.5″ width=”100″ width_unit=”%” transition=”fade” transition_speed=”1″ slideshow_speed=”5″ border_size=”0″ border_color=”#ffffff” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_width=”120″ thumbnail_height=”90″ thumbnail_crop=”1″ ngg_triggers_display=”always” order_by=”sortorder” order_direction=”ASC” returns=”included” maximum_entity_count=”500″]

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.