Скромна, ненаметлива, повлечена, насмеана, со многу малку, речиси ништо познато од нејзиниот приватен живот, со однесување несвојствено за пејачка која претставува ѕвезда од конкретниот калибар. Спирова засекогаш се повлече од естрадната сцена во почетокот на 80-тите години и веќе претставува дел од македонското музичкото минато.

Објавил: Катерина Крстиќ | 11 септември, 2020 23:00

Почина легендарната македонска пејачка Нина Спирова!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска на 82-годишна возраст, почина легендарната пејачка Нина Спирова.

Нина Спирова (Прилеп, 26 октомври 1938 — 11 септември 2020) — една од најпознатите македонски пејачки на староградска и народна музика на сите времиња. Со нејзиниот милозвучен и моќен глас остави трајни вредности, музички записи на неколку забавни мелодии кои станаа евергрини, како и на бројни бисери на староградската македонска музика.

Како еден од вечните евергрини, кои ќе останат да не асоцираат на прекрасното минато претставува и хитот „Еден бакнеж“ во придружба на Македонската Филхармонија. Безвременска песна која има учествувано на фестивалот „Опатија“ во 1962 година и се има закитено со првата награда.

Таа има исполнето и снимено голем број познати музички хитови, од страна на светски аранжери како и голем број на обработки на македонски народни песни. Ќе останат како трајни вредности нејзините интерпретации на „Бог да бие кој прв почна“, „Пилето ми пее“, „Не си го продавај Кољо чифликот“, „Судбо моја, судбино“, „Зајди, зајди, јасно сонце“, „Кажи, кажи либе Стано“ и многу други.

Скромна, ненаметлива, повлечена, насмеана, со многу малку, речиси ништо познато од нејзиниот приватен живот, со однесување несвојствено за пејачка која претставува ѕвезда од конкретниот калибар. Спирова засекогаш се повлече од естрадната сцена во почетокот на 80-тите години и веќе претставува дел од македонското музичкото минато.

Според нејзините почитувачи, но и музичките стручњаци, главен белег има оставено пеејќи ја македонската народна, но и староградската песна. Има учествувано на првите изданија на Скопскиот фестивал, а има соработувано со најпознатите македонски автори, композитори и музички аранжери, меѓу кои Драган Ѓаконовски – Шпато, Љубомир Бранѓолица, Димитар Масевски и многу други. Има снимено над 80 композиции само за музичката продукција на МРТВ, од кој поголемиот број се хитовите: „Молчи, молчи“, „Еден бакнеж“, „Езеро мое“, „Далечен крај“, „Пелистерски очи“, „На овој ден“ итн.

Има снимено сингл плочи на српскохрватски јазик, додека забележителен настап имала на фестивалот “Белградска пролет’ (“Београдско пролеће”) во 1964 година, со песната „Бела хризантема“.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Музика

Во моментот Горан пишува театарска музика, а светот го запозна кога музиката на „Анастасија“ беше ставена на саундтракот на македонскиот филм „Пред дождот“, во режија на Милчо Манчевски

Горан Трајкоски Македонски музичар со харизма и срце!

Македонскиот музичар Горан Трајкоски по успешниот концерт што во рамките на ланскиот...

Прераната смрт на Тоше Илиевски му ги скрати соништата и го одвои од музиката.

Биди силна до крај – песната која Тоше Илиевски не успеа да ја испее, па во аманет ја остави на неговиот колега

Тоше Илиевски, момчето за кое цела Македонија се крена на нозе да помогне во неговото...

Тој ексклузивно за македонскиот портал Курир изјави дека Скопје му е многу драго место, град кој го поврзува со многу спомени и драги пријатели , но  позитивната енергија која македонската публика  му ја дава е една и од големите причини што тој повторно се враќа во Македонија

Миленикот на жените открива: Ова е причината која постојано ме враќа во Македонија

Најголемата балканска ѕвезда Здравко Чолиќ допатува во Скопје, каде го најави престојниот...