Дебито за Црвена ѕвезда го имал на 16-годишна возраст, а една година подоцна дебитирал и за репрезентацијата на Југославија.

Објавил: Македонка Димкин | 5 јануари, 2019 12:27

Почина легендата на екс -ју фудбалот Драгослав Шекуларац Шеки!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Денеска на 81 годишна возраст почина легендарниот фудбалер на Црвена Ѕвезда и југословенскиот национален тим, Драгослав Шекуларац. Веста за смртта на фудбалскиот виртуоз и легенда и еден од најдобрите фудбалери во овој регион, беше изнесена на на сајтот на „црвено-белите“.

Драгослав Шекуларац роден е во Штип Македонија (тогашното кралство на Југославија) на 8 ноември 1937 година. Тој е поранешен југословенски фудбалер. Истакнат играч на Црвена звезда од Белград. Популарниот „Шеки“ бил втора голема „ѕвезда“ по Рајко Митиќ. Веројатно бил еден од најдобрите дриблери во историја на југословенскиот фудбал. Играл во везен ред. Бил постојан член на фудбалската репрезентација на Југославија, и во тоа време бил нејзни најдобар поединец. Одиграл 41 натпревари и постигнал шест голови за репрезентација на Југославија. По инцидентот на еден натпревар бил казнет со две години неиграње и со тоа кариерата нагло ја прекинал.

Драгослав Шекуларац основноти училичте, четири години гимназија, како и метереолошко училиште ги завршил во Белград. Меѓутоа, училиштето не му било приоритет, бидејќи фудбалот станала негова најважна преокупација. Кога Димитрије Милојевиќ, некогашниот фудбалер на БАСК-а, тренер и печатарски работник на Политика (весник), го забележал во дворот на Втората машка гимназија , веднаш му станало јасно за каков таленат се работи.

Дебито за Црвена ѕвезда го имал на 16-годишна возраст, а една година подоцна дебитирал и за репрезентацијата на Југославија.

Во црвено-белиот дрес одиграл 460 натпревари, во периодот од 1955 до 1969 година и постигнал 159 гола. Со Црвена ѕвезда освоил седум титули и пет купови во Југославија.

Шекуларац бил играч и на Карлсруе, Сент Луис, ОФК Белгад, Санта Фе, Атлетико Бакураманга, Милионарис, Америка Кали и Париз. Од 1975 до 2006 година работел како тренер во повеќе екипи.

За репрезентацијата на Југославија настапил на 41 натпревар и постигнал шест гола. Со националниот тим го освоил сребрениот медал на Олимписките игри во 1956 година, а на Светското првенство во 1962 година четвртото место.

За точното време на комеморацијата и погребот ќе има информации попладнево , пренесе српски Танјуг.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam

Шест години беше дел од Кометал Ѓорче Петров, а во 2013 година се врати во Македонија, во редовите на ЖРК Вардар, каде и ја заврши кариерата во 2015 година.

ПОЧИНА ПОРАНЕШНАТА МАКЕДОНСКА РЕПРЕЗЕНТАТИВКА ЈУЛИЈА ПАРТЕНКО

Нова трагедија за македонскиот спорт и ракометното семејство – синоќа ненадејно...

Диего Армандо Марадона, аргентинската фудбалска легенда и еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, почина денеска на 60 годишна возраст во Буенос Аирес!

ФУДБАЛОТ ВО ТАГА: Почина фудбалската легенда Диего Армандо Марадона

Диего Армандо Марадона, аргентинската фудбалска легенда и еден од најдобрите фудбалери...