Жална вест

Објавил: Перо Милчин | 22 јануари, 2022 13:55

Почина мајката на Марко Пејчиновски, најмладиот маратонец кој исплива 30 километари од Свети Наум до Охрид

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Веста дека починала Виолета Пејчоновска, медицинска сестра од Охрид, осамна и на социјалните мрежи оти тоа е мајката на  Марко Пејчиновски, детето кое направи голем спортски подвиг и исплива 30 километри во Охридското Езеро.

„Виолта секогаш беше ведра и насмеана, вистински професионалец во својата работа и жена со големо срце“, коментираат  вработените при ЈЗУ Општа Болница Охрид.

Марко пред три години направи подвиг за паметење, откако за околу девет часа го преплива Охридското Езеро од Свети Наум до Охрид. Тогаш, тој беше најмладиот пливач кој ја препливал таа релација, со што влезе меѓу легендите на пливачкиот маратон. Успехот на ова момче е голем бидејќи и самиот се соочува со здравствени проблеми, односно има доживеано инфаркт на коска на долните екстремитети.

„Чудото од дете“ пред две години повторно си постави нова цел – да преплива 64 километри, соло-маратон кој го посвети на лицата со ретки болести. Но поради силни болки во ногата, она 12 километар беше принуден да прекине со пливањето.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam