Жална вест!

Објавил: Владо Марин | 31 јануари, 2021 23:40

Почина Мирослав Туѓман, синот на поранешниот хрватски претседател Фрањо Туѓман!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Мирослав Туѓман, синот на Фрањо Туѓман, почина во Загреб.

Тој бил заразен со коронавирус и според извештаите на медиумите, починал како резултат на инфекцијата.

Неговиот татко Фрањо Туѓман беше хрватски историчар, академик на ХАЗУ, државник, прв претседател на суверена и самостојна Република Хрватска и врховник на хрватската војска.

Го основал Институтот за историја на работничкото движење во Загреб, каде што бил управител од 1961 до 1967. Со титулата доктор на историски науки се стекнал во 1965, а од 1963 до 1967 е вонреден професор на Факултетот за политички науки во Загреб.

Учесник во НОБ на Хрватска од 1941, како офицер за разузнавање. После војната работи во Главниот штаб на ЈНА во Белград, а потоа на високи воено-политички позиции во управата на ЈНА, Министерството за одбрана и Генералштабот.

Студии завршил на Вишата воена академија во 1957 година, а со чин генерал-мајор се стекнал во 1960. На сопствено барање ја напушта воената служба во 1961 за да се посвети на научно-истражувачка работа.

Во 1972 година е осуден на 2 години затвор поради национализам, со оглед дека неговата историчарска работа дошла во судир со службената пропаганда на СФРЈ. Пуштен е после 9 месеци.

Во 1981, после дадено интервју за шведска телевизија, повторно му е судено, овој пат за контрареволуционерна работа, при која бил посебно „виновен“ за ревизија на југословенската пропаганда за Јасеновац, која инсистирала дека имало над 700.000 жртви, бројка која наводно било користена за de factoдемонизирање на Хрватите чијшто национализам претставувал „најочигледна закана за опстанокот на СФРЈ“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam

Познатиот фудбалер и тренер почина во петокот на 54-годишна возраст по долга и тешка битка со леукемијата.

ПОСЛЕДНО ЗБОГУМ: Семејството покрај ковчегот, граѓаните се простуваат од Михајловиќ

Голем број граѓани на Рим од утрово чекаат пред римската општина Кампидољо, за да му...

Вечерва во Белград ненадејно на 56-годишна возраст почина Ксенија Вучиќ, мајка на нашите две деца Данило и Милица и мојата прва сопруга.

За местото и датумот на погребот ќе ги информираме семејството и пријателите подоцна!

Ксенија Вучиќ новинарската кариера ја започна во ТВ Студио Б, работеше на радио станиците Фокус и Индекс, а последните години беше уредник и директор на кабелскиот канал на РТВ Пинк.

Погребана Ксенија Вучиќ: Српскиот претседател во придружба на своите деца пристигна на Ново Гробје

Новинарката и екс сопруга на српскиот претседател Александар Вучиќ, денеска ќе биде...

Како што наведе Вучиќевиќ, Ксенија починала на рацете од својот син. Најверојатно се работи за проблеми со срцето!

ПОЧИНА НА РАЦЕТЕ ОД СВОЈОТ СИН: Откриена причината за смртта на Ксенија Вучиќ

Новинарката и прва сопруга на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, Ксенија Вучиќ...