Потекнувајќи од ракометно семејство, Бошковски целиот живот го посвети на овој спорт.

Објавил: Перо Милчин | 24 септември, 2022 13:12

ПОЧИНА РАКОМЕТНИОТ ТРЕНЕР АНДОН БОШКОВСКИ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Познатиот македонски ракометен тренер Андон Бошковски почина на 47 години.  

Потекнувајќи од ракометно семејство, Бошковски целиот живот го посвети на овој спорт.

Откако рано ја заврши играчката кариера поради повреда, Бошковски во 2004 премина во тренери, што го одведе во бројни клубови, но и во машката репрезентација.

Како главен или помошен тренер работеше во Работнички, Металург, Младост, Вардар, Струга, Тинекс Пролет, Еурофарм Работник, но и во Романија и Косово, каде што го имаше последниот ангажман. Беше селектор на Грузија и дел од стручниот штаб на македонската репрезентација на неколку големи натпреварувања.

Бошковски почина неполни четири месеци по неговиот татко Лефтер.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam