По една недела во болница почина нападнато лице од страна на идентификуван напаѓач

Објавил: Мирко Бачиќ | 12 август, 2018 13:43

Почина скопјанец кој пред една недела беше нападнат на улица

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Шеесет и шестгодишен скопјанец почина една недела откако беше нападнат на улицата “Кеј 13 ноември”.

Како што информираат од МВР вчера во 13:18 часот во Единицата за информации и команда Скопје од страна на вработена во Невро хирургија при комплексот клиники “Мајка Тереза” било пријавено дека на одделението починал С.М. [ 66 ] од Скопје.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Нападот се случил на 3-ти август кога С.М. пријавил во полиција дека околу 02:00 часот на улицата “Кеј 13 ноември” физички бил нападнат од непознато лице при што му биле нанесени телесни повреди [ модринка на левото око и расекотина на десниот образ ].

По преземени мерки напаѓачот бил пронајден и е утврдено дека се работи за А.Б. [ 43 ] од Скопје.

Тој бил приведен во полициска станица и му биле поднесени прекршочни пријави по Член 12 и Член 6 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

По целосно документирање на настанот против А.Б. ќе биде поднесени и соодветна кривична пријава.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.