На планинарот му се слошила здраствената состојба, а откако беше пренесен на клиника му беше констатирана смрт

Објавил: admin@magazin | 23 август, 2018 11:08

Почина хрватски планинар на Кораб планина

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Хрватскиот планинар П.П. (58) од Сплит вчера починал откако му се слошило додека бил на Кораб, на местото викано „Кобилино поле“.

Како што соопшти МВР, со П.П. (58) на Кораб биле и други планинари, членови на планинарско друштво од Сплит. Во еден момент нему му се влошила здравствената состојба по што побарал помош.

По дојавата во Центарот за информации и команда Тетово, П.П. со хеликоптер на МВР бил донесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ – Скопје, каде лекар констатирал смрт.

По наредба на Јавен обвинител на телото на починатиот ќе биде извршена обдукција, а увид ќе се врши во текот на денешниот ден.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести