Јас ќе понудам а ти Зоране че ја одбиеш оставката

Објавил: Перо Милчин | 11 септември, 2021 7:38

Понудена оставка на Филипче, наместо неотповиклива- Кој кого овде мачка очи?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

СДСМ вчера преку соопштение изрази, како што напишаа, почит кон одлуката на министерот Венко Филипче за понудената оставка.

-Како партија изразуваме почит кон одлуката на министерот Венко Филипче за понудената оставка и ги почитуваме одлуките и на заменикот-министер за здравство и директорите на болницата во Тетово.

Одлуката на министерот за здравство Филипче, поттикната од чувството на морална одговорност, ја отсликува неговата посветена, чесна работа како одговорен министер, со строго почитување на етичките правила и морал.

Министерот Филипче е пример за одговорен политичар кој избра да им служи на граѓаните и да се бори за нивното здравје и нивните животи, стои во соопштението од СДСМ

Сепак народот верува дека и ова е една игра на власта, под мото јас ќе понаудам ти ќе одбиеш

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести