Безбедносни извори кои бараат да останат анонимни алармираат дека полека започнува нова мигрантска криза, како низ цела Турција се апсат илегални мигранти упатени кон Грција

Објавил: Мирко Бачиќ | 10 октомври, 2018 9:36

Почна мигрантската криза, во Турција фатени речиси 600 илегални мигранти

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Најмалку 593 илегални мигранти се фатени во Турција само во изминатите 24 часа соопштија безбедносни извори.

“Во северозападната област Едерне фатени се 370 илегални мигранти кои се обидувале илегално да заминат во странство” истакнаа безбедносните извори, кои зборуваа под услов на анонимност.

Мигрантите, меѓу кои се наоѓаат државјани од Палестина, Мароко, Алжир, Сенегал, Иран, Ирак, Сирија, Либија, Авганистан, Бангладеш и Пакистан, фатени се за време на патролите во селата Орханије, Боснаќој и Јеникадин, како и во подрачјата Мерич, Узунќопру и Ипсала. – додава изворот.

Во подрачјето Ајваџик во северозападната област Чанаккале, од страна на тимовите на крајбрежната стража биле фатени 69 Авганистанци, вклучувајќи жени и деца.

Крајбрежните тимови, исто така фатија 50 илегални мигранти во подрачјето на Дидим во западната област Ајдин. – вели безбедносниот извор.

Според друг безбедносен извор во подрaчјето Алтинозу во јужната област Хатај, фатени се 43 Сиријци кои се обидувале илегално да влезат во Турција. Турските безбедносни сили во близина на автобуски терминал во јужната турска област Адана, исто така пронашле 25 авганистански илегални мигранти, меѓу кои жени и деца.

Околу 23 мигранти, сите од Авганистан и Пакистан, фатени се во северозападната област Артвин. Исто така, 3 лица се уапсени поради сомнение за криумчарење луѓе. Во југоисточната област Хакќари, од страна на жандармериските единици фатени се 13 мигранти од Авганистан и Пакистан.

Сите илегални мигранти кои се фатени се испратени во подрачните канцеларии за миграции.

Турција е главна рута за илегалните мигранти кои се обидуваат да преминат во Европа, особено од 2011 година кога започна сириската Граѓанска војна.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.