Почна 48 часовниот молк пред претстојниот рефередум кој ќе се одржи во недела 30 септември 2018 година

Објавил: Мартин Попоски | 28 септември, 2018 5:59

Почна предреферендумскиот молк

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Од полноќ започнa молкот за референдумот што ќе се одржи во недела на 30 септември.

Завршени се сите активности на учесниците во кампањата. Според Роковникот на ДИК молкот пред референдумот почнува 48 часа пред одржувањето на референдумот.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги вчера извести дека кампањата “Твој став, твое право” на Државната изборна комисија, како кампања од јавен интерес не спаѓа во јавната пропаганда за референдумот и може да се емитува и во петок и во сабота иако веќе ќе биде молк пред референдумот.

Според одлуката донесена од страна на Собранието на Република Македонија, прашањето за референдумот ќе гласи: “Дали сте за членство во ЕУ и НАТО, со прифаќање на договорот на Република Македонија и Република Грција?” и на него понудени се два одговори согласно Законот за референдум “За” и “Против”.

Електоратот го има и демократското право на неизјаснување на претстојниот референдум.

Референдумот ќе го надгледуваат околу десет илјади македонски и речиси 500 странски набљудувачи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.