Според власта, пописот е по стандардите и препораките на Евростат, додека опозицијата има забелешки.

Објавил: Рејхан Бајрами | 14 јуни, 2019 15:06

Почна пробниот попис во Македонија- Ова се општините!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Од вчера официјално во неколку општини започна пробното попишување за пописот кој треба да се спроведе во април наредната година. 

Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика рече дека, исто како во 2011 година, и овој пат ќе ги има сите графи за демографска, образовна, културолошка и етничка припадност.

Пробниот попис ќе се спроведе во Прилеп, Долнени, Кисела Вода, Зелениково, Гостивар, Кичево, Струга, Свети Николе, Радовиш, Валандово, Куманово, Кратово и во Штип.

ВМРО ДПМНЕ, има големи забелешки за пописот кој ќе го спроведува Заводот за статистика, посебно во тој дел во кој ќе треба да бидат запишани и оние лица кои подолго време не живеат во Македонија.

Пописот ќе се реализира по високи стандарди коишто ги налага Евростат, при што ќе се избегнат сите можности за злоупотреба.

Софтверското решение коешто ќе биде изготвено ќе ги препознава личните податоци на граѓаните кои веќе еднаш се внесени, со што ќе се оневозможи ист граѓанин да се регистрира двапати. Во праксата ова значи дека ќе има попишување со помош на веб-апликација и теренско попишување. Државата ќе биде поделена на 45 пописни реони, а во целата операција ќе учествуваат 6 000 попишувачи, информираше Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.