Тутунарите на стартот сметаат дека нереално се проценува нивниот труд и мака и дека им се скратува на класите.

Објавил: Перо Милчин | 25 ноември, 2020 15:42

Почнува откупот на тутунот, тутунарите очекуваат повисоки откупни цени

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Прилепскиот тутунски комбинат денеска официјално го почна откупот на тутунот. Тој е втора, по Сокотаб од Битола, откупна компанија од вкупно 10-те во земјава кои ќе го купуваат годинашниов род од околу 23 000 тони.

Тутунарите на стартот сметаат дека нереално се проценува нивниот труд и мака и дека им се скратува на класите.

-Јас денеска го ценев тутунот. Секоја година прв го носам за откуп. Лани многу убаво одеа цените, ама годинава многу тешко. Претежно оди 4 и 3 класа. Донесов 430 килограми, вели долгогодишниот тутунопроизводител Ваит Асаноски од Прилеп.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ајранит Хоџа истакна дека сме на стартот на откупот, не се очекуваат големи проблеми, и оти е рано да се даде процена како тече откупот, но Министерството и Инспекторат будно ќе го следат откупот. Многу е битно и зачувување на здравјето на тутунарите. Откупувачите ги обезбедија парите за откуп.

-Ова е втора компанија која го почнува откупот. Дојдени сме да видиме како се одвива откупниот процес. Сѐ уште е почеток и реално, очекуваме дека нема да има поголеми проблеми со откупот. Рано е да говориме за некаква процена, но очекуваме да биде во најдобар ред. Имав повеќе состаноци со откупувачите и со Земјоделските здруженија. Засега два откупни центри го почнаа откупот. Средствата се обезбедени и тоа што е договорено нема да остане неоткупено. Сакаме сѐ да помине во најдобар ред, посебно да се запазат сите мерки за заштита за да не дојде до затворање на цел откупен пункт. Ќе се следи ситуацијата. Не би сакал пораката во почетокот на откупот да биде негативна. Да почекаме како ќе се одвива, па да преземеме мерки доколку има проблеми, изјави Хоџа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Земјоделие

Првиот нацрт-предлог на овој модел содржи раздвојување на плаќањата кои не се поврзани со производството и плаќањата поврзани со производството.

Николовски: Нè очекува тешка зима – ќе се промени новиот модел за субвенции во земјоделството

Нè очекува тешка зима, а следните 2 години ќе бидат уште потешки во однос на обезбедување...

Мемет Синани целиот живот се занимава со земјоделство. Како најстар син во семејството, по смртта на неговиот татко, започнал да го работи семејниот имот во тетовско Камењане. Сади пченка и пченица, но и помали количини грав. Грав би садел и повеќе, ама не можел да најде аргати за берба.

Во земјоделска држава ќе нема кој да ги работи нивите

Македонија произведува многу помалку храна од она што и е потребно. Лошите политики...

„Оваа година можно е да има помали приноси доколку не бидат довлно прихранети посевите. Ако природата не сака тогаш може да се дојде до количините на кои се надеваме, но реално е, без ѓубрива, приносите да бидат намалени“ - велат од Асоцијацијата на земјоделци.

ЗЕМЈОДЕЛЦИ: ТРОШОЦИТЕ ВО ОДНОС НА ЛАНИ СЕ ЗГОЛЕМЕНИ ЗА 80 ПРОЦЕНТИ

Славе Петров од Кочани почна со подготовка на нивите за сеидба. Тој наместо со трактор...

Имајќи ја во предвид инвазијата на Русија во Украина и реперкусиите кои што оваа ситуација ги има не само на европските, туку и на светските пазари можам да кажам дека сега живееме во една од најголемите светски економски кризи.

Забранет е извоз на пченката, брашното и маслото

За одлуката за ограничување на извозот на одделни стоки за заштита на домашниот пазар...