сабота, 20 април 2024

MK/ EN/ DE



Според Судот во Будимпешта, не биле исполнети услови за негова екстрадиција во Северна Македонија.

Објавил: Катерина Крстиќ | 7 октомври, 2019 15:34

По втор пат Унгарија одби екстрадиција на Груевски

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По втор пат Унгарија одби екстрадиција на поранешниот премиер на земјава Никола Груевски Никола Груевски нема да биде екстрадиран ниту за настаните поврзани со 27 април, дознава „А1он“. а ваквата информација ја потврдија од Министерството за правда.

Судот во Унгарија одлучува за екстрадицијата на поранешниот премиер Груевски кој избега во Будимпешта во ноември минатата година.

Според Судот во Будимпешта, не биле исполнети услови за негова екстрадиција во Северна Македонија.

Примено е известување дека Врховниот регионален суд донел конечна одлука дека не се исполнети законските претпоставки за екстрадиција на Никола Груевски, бидејќи на негово барање одобрен му е азил во Унгарија. Во согласност со актот бр. 38 за меѓународна правна помош во кривични предмети, лице на кое му е дадено азил нема да се екстрадира во државата од која избегал, велат од Министерството за „А1он“.

Веќе еднаш Унгарија одби екстрадиција на Груевски по барањето за издржување  двегодишната затворска казна за предметот „Тенк“ на СЈО.

Инаку Груевски замина во Будимпешта во Ноември минатата година за да избегне издржување на 2-годишната затворска казна во Македонија.

Груевски во Будимпешта е сместен во познат и луксузен хотел во градот, излегува на прошетки, многу често џогира, има посети од лица од Македонија и е во потрага по постојано живеалиште, надвор од хотелски објекти.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.