Шефот на Црногорската дипломатија во дводневна посета на Македонија, утре од страна на ректорот на УКЛО ќе му биде доделена и титулата Почесен доктор на науки

Објавил: Мартин Попоски | 21 ноември, 2018 6:30

По дипломатскиот “шамар”, црногорскиот колега на Димитров во Македонија

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

По вчерашната изјава дека Црна Гора немала правен ни законски основ да го приведе лицето Никола Груевски кое на нивна територија поминало како обицен цивил а не лице по кое има потерница, Дармановиќ денес на средби во Македонија.

Имено и денеска и утре во работна посета на Македонија ќе престојува министерот за надворешни работи на Црна Гора, Срѓан Дармановиќ.

Како што соопштија од македонското МНР, на пленарните разговори меѓу делегациите на Република Mакедонија и Црна Гора, предводени од министрите за надворешни работи, Никола Димитров и Срѓан Дармановиќ, се очекува да бидат разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, соработката на регионален и мултилатерален план, како и за евро атлантските интегративни процеси.

Од МНР додаваат дека во рамки на посетата предвидено е министрите да потпишат и договор за уредување на меѓусебните имотно правни односи.

Во четврток, пак, на свечена церемонија, ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“, на министерот за надворешни работи на Црна Гора, Срѓан Дармановиќ, ќе му ја додели титулата Почесен доктор на науки.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.