И другите десничарски партии ја обвинија за наводна блискост со исламистите, а шефот на екстремните десничари „Идентитарист“, Мартин Селнер, сними посебно видео за тоа.

Објавил: admin@magazin | 8 јануари, 2020 19:04

По заканите на екстремни десничари првата австриска министерка со босанско потекло доби полициска заштита

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Алма Задиќ која е првата австриска министерка со босанско потекло, доби полициска заштита поради закани од страна на десничарите.

Алма Задиќ која неодамна беше избрана за министерка за правда веќе седум дена е изложена на напади од десничарите, поради своето босанско потекло.

Задиќ веќе една недела е под закани, откако Партијата за Слобода на Австрија (ФПО) го повика претседателот Александер ван дер Белен, да не ја прифати новата министерка за правда. Таа доби 24 часовна заштита.

Задиќ е родена во Тузла и за време на воениот виор, во 1994 година. Како десетгодишно девојче со родителите избегала во Виена. Таму завршила Правен факултет, а потоа заминала за Њу Јорк и студирала на Универзитетот Колумбија. Во 2017-та таа е избрана за пратеник во австрискиот парламент. Тогаш порача дека нејзиниот влез во парламентот не е важен само за неа, туку и за сите луѓе кои не се родени во Австрија, кои дошле во оваа земја, особено оние од Босна и Херцеговина и од поранешна Југославија.

И другите десничарски партии ја обвинија за наводна блискост со исламистите, а шефот на екстремните десничари „Идентитарист“, Мартин Селнер, сними посебно видео.

Во Австрија полициска заштита имаат претседателот, канцеларот и министерот за внатрешни работи, додека за останатите членови на владата и политичарите таа мерка е предвидена само по потреба.

35 годишната Алма Задиќ, која во деведесетите години од минатиот век со родителите ја напуштила родната Тузла бегајќи од Граѓанската војна во Босна и Херцеговина, беше именувана за Министерка за правда во новата коалициска влада на мандатарот Себастијан Курц.

Оваа вест на својот Твитер налог ја објави претседавачкиот член на Претставничкиот дом на Парламентот на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ.

,,Уште една успешна, млада и образувана Босанка е препознаена во светот кој знае да цени квалитет. Да станеш Министерка за правда во Австрија на 35 години е огромен успех и признание. Браво Алма Задиќ“, напиша Звиздиќ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.