Узеири-Ферати, пратеничка во Собранието на Македонија од редовите на ДПА, која се смета за една од најубавите дами во собранието.

Објавил: Весна Петровска | 5 ноември, 2019 12:37

ПО НЕА СИТЕ СЕ ВРТАТ ВО ПАРЛАМЕНТОТ: Ова е најубавата пратеничка во македонското Собрание

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Мерал Узеири-Ферати е повеќе од 10 години пратеник во Македонското собрание, таа исто за една од најубавите жени во парламентот.

Узеири-Ферати, пратеничка во Собранието на Македонија од редовите на ДПА, која се смета за една од најубавите дами во собранието.

Таа по професија е гинеколог, но веќе 10 години е вклучена во политиката. Таа комплименти на сметка на својот изглед добива уште од самиот почеток на својата кариера во политиката, а на прашањето на телевизија Клан дали убавината може да претставува пречка во политиката, Мерал се пожали дека во минатото многу пати била споменувана во медиумите како убава пратеничка, но многу поретко се слушале нејзините ставови и идеите за кои се залагала.

Во емисија на Тв Клан, Ферати кажа дека на нејзините почетоци како пратеничка во медиумите станала вест заради нејзината убавина, a не поради нејзините ставови или изјави.

Таа одговори на прашњето дали убавината е пречка во политиката.

– Дефинитивно е пречка. Сега кога имам повеќе години, сигурно не ги добивам толку многу комплименти. Но, на почетокот беше тешко. Токму на почетокот кога станав пратеничка и го земав мандатот, без да имам став како политичарка, јас бев вест како убава пратеничка – вели таа.

Таа додаде дена не се чувствувала добро затоа тоа ѝ било хендикеп во текот на целиот живот.

– Другите се фокусираат на физичкиот изглед, кој изгледа како да се обидува да ги покрие другите атрибути. Но, штом ќе успеете да се етаблирате, потоа тој атрибут на убавина, кога ти велат дека си убава, го сфаќаш поинаку – рече пратеничката Мерал Узеири-Ферати.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.