Тажната слика на Нотр Дам, во пламен, му донесе на Виктор Иго повторно заживување на романот „Sвонарот на Богородичната црква во Париз“

Објавил: Катерина Крстиќ | 17 април, 2019 18:53

По пожарот во Нотр Дам, зголемена продажбата на „Богородичната црква во Париз“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По страшниот пожар кој речиси целосно ја уништи познатата катедрала Нотр Дам, во Париз, светот се уште е во неверување, дека речиси целосно се уништи едно такво парче историја.

Многумина кои не беа запознаени со Богородичната црква се заинтересираа за неа, па со тоа се зголеми и побарувачката на една од најпознатите книги на сите времиња,издадена од писателот Виктор Иго, „Sвонарот на Богородичната црква во Париз“, објави македонскиот блог Читателка.

Оваа книга е приказна за деформираниот ѕвонар, скриен во највисоките маргини на познатата катедрала како ѕвер, засолнат од осудувањата и презирот на народот во сводовите на готските кули, осуден на доживотна самотија. ФОТО: Читателка

По катастрофалниот пожар речиси секој дознал за загубата на ова уникатно парче историја, па токму тажната слика на Нотр Дам, во пламен, му донесе на Виктор Иго повторно заживување на романот „Sвонарот на Богородичната црква во Париз“, која само неколку часа по избивање на пожарот, се искачи на врвот на листата продадени книги на Амазон, пишува Читателка.. Оваа книга е приказна за деформираниот ѕвонар, скриен во највисоките маргини на познатата катедрала како ѕвер, засолнат од осудувањата и презирот на народот во сводовите на готските кули, осуден на доживотна самотија. Оние кои до сега не биле запознаени со Квазимодо и Есмералда, тоа се всушност ликовите одпознатата книга на Иго.Инаку Богородичната црква или Нотр Дам е готска катедрала на источната половина на островот Сите на реката Сена во Париз, Франција, со главен влез од западната страна. Ова е катедралата на Париз и седиштето на архиепископот на градот. Богородичната црква се смета за најубавиот пример за француската готска архитектура. Името „Нотр Дам“ на француски значи „Нашата Госпоѓа“ (Богородица или Дева Марија). Ова е една од најубавите готски катедрали во светот, градена низ целиот готски период. Скулптурите и витражите се одликуваат со големо влијание од натурализмот, за разлика од пораната романска архитектура, а познатиот писател Виктор Иго, посветил една цела книга за неа, каде ја опишува целата површина на оваа црква, дел по дел, камче по камче. Оваа Црква била негова најголема инспирација за оваа книга.Околу 13 милиони посетители и верници ја посетуваат црквата годишно, или во просек околу 30.000 дневно. Во најфреквентните денови, над 50.000 луѓе дневно влегуваат во катедралата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.