Поради судирот на две воздушни маси (многу топлата од југ и свежата од север) локално процесите ќе бидат интензивни со пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и појава на град кој локално има услови да биде и крупен.

Објавил: Катерина Крстиќ | 12 август, 2019 17:30

По топлотниот бран силно невреме во Македонија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По топлотниот бран кој ја зафати Македонија, следува големо невреме проследено со поројни врнежи, силен ветер како и грмежи. Невремето најпрво ќе го зафати северен Балкан поточно  Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина па потоа преку Србија, Црна Гора и Албанија ќе пристигне и кај нас.

Поради судирот на две воздушни маси (многу топлата од југ и свежата од север) локално процесите ќе бидат интензивни со пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и појава на град кој локално има услови да биде и крупен.

Според метеоролозите, во среда попладне кај нас се очекува намалување на температурите, дожд и грмежи со засилен ветер кои ќе се задржат и во текот на ноќта. И во четврток облачноста ќе се зголеми и локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Температурите на воздухот пак до среда ќе бидат екстремно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 42 степени додека пад на истите и освежување ќе имаме во среда навечер и во текот на ноќта кон четврток за веќе во четврток попријатно да биде и преку денот кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 36 степени, освежувањето особено ќе се почувствува во северната половина од државава.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести