Пожарот беше изгаснат доцна синоќа, околу 22:30 часот во кој изгоре површина од 400 хектари од кои половината со борова шума и 200 хектари под сува трева.

Објавил: Катерина Крстиќ | 27 август, 2019 10:59

По цели 11 часа огнена стихија, конечно изгаснат пожарот во Велес

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Големиот шумски пожар кој вчера ја зафати околината над велешкото езеро „Младост“, конечно по цели 11 часа е локализиран.

Пожарот беше изгаснат доцна синоќа, околу 22:30 часот во кој изгоре површина од 400 хектари од кои половината со борова шума и 200 хектари под сува трева.

Еве каква беше состојбата во Велес по пожарот

Постоеше опасност пожарот кој траеше цели 11 часа и 40 минути да ги покоси и околните куќи но биле ископани ровови и поставена земја со што било спречено огнената стихија да се прошири кон куќите.

Во гаснење на огнот освен ТППЕ од Велес се вклучиле и пожарникари од Неготино, Свети Николе, Штип, Кавадарци и Скопје, припадници на АРМ, вработени во ЈП „Македонски шуми“ и ЈКП „Дервен“, а од воздух се гаснеше со два авиони на ДЗС и еден хеликоптер на АРМ. Поради сериозноста од ширење на пожарот бил вклучен и противпожарниот воз на ЈП „Македонски железници“ кој најизменично гаснел на двете страни од пругата. Од Јавното претпријатие информираат дека поради пожарот не сообраќал возот Велес-Кочани, а нема да сообраќа ни утринскиот бидејќи изгорени се и стотина прага од железничката пруга на оваа делница.

Вчера беа приведени четири лица под сомнение дека го предизвикале пожарот работејќи со електричен алат. Според полицијата тие го предзвикале пожарот работејќи од искри на сува трева, кој брзо се прошири и зафати голема површина.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.