Оваа понуда е избрана како најдобра од вкупно 17 понуди од светски реномирани консултантски организации од сферата на транспортот.

Објавил: Рејхан Бајрами | 5 јуни, 2021 10:01

ПО 40 ГОДИНИ СКОПЈЕ ЌЕ ДОБИЕ НОВА СТУДИЈА ЗА ОПТИМИЗАЦИЈА НА ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

ПО 40 ГОДИНИ СКОПЈЕ ЌЕ ДОБИЕ НОВА СТУДИЈА ЗА ОПТИМИЗАЦИЈА НА ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ

Градот Скопје денеска потпиша договор за изработка на Студија за оптимизација на мрежите на линии на автобускиот јавен превоз во Скопје.

Потребата од ваква студија се наметна заради фактот што актуелната мрежа на линии според која е организиран јавниот автобуски превоз во Скопје е направена врз основа на студија која датира од пред точно 40 години – од 1981 година.

Како што веќе знаете, со заем во висина од 10 милиони евра, обезбедени од Европската банка за обнова и развој, Град Скопје и ЈСП набавија 33 еколошки автобуси. Во рамките на тој проект од ЕБОР е обезбедена и техничка поддршка преку грант од неповратни средства за изработка на Студија за оптимизација на мрежите на линии на автобускиот јавен превоз. Преку отворена јавна постапка, спроведена од ЕБОР, за изработувач на студијата е избран конзорциумот меѓу израелската компанија РОМ Транспортејшн и англиската ГСТЦ ЛТД со понуда во висина од 322.530 евра.

Оваа понуда е избрана како најдобра од вкупно 17 понуди од светски реномирани консултантски организации од сферата на транспортот.

Станува збор за исклучително искусни и реномирани компании кои изработувале вакви студии за потребите на јавниот превоз на градови од Израел, Велика Британија, Романија, Литванија, Хрватска и други земји членки на ЕУ, градови од соседните Србија и Албанија, како и градови од поранешните советски републики, од Јужна Америка и други – рече градоначалникот Петре Шилегов, по потпишувањето на договорот!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Од Синдикатот на контролори на летање велат дека се единствени, а добиваат се поголема поддршка од вработените. Доколку не се исполнат нивните барања, продолжуваат со штрајк секој четврток од 11 до 17 часот, но не ја исклучуваат можноста и за негово интензивирање

Денеска 6 часа без полетувања и слетувања на аеродромите во Скопје и Охрид, поради штрајк

Денеска на двата аеродрома во државата, скопскиот и охридскиот, 6 часа ќе нема полетување...

Кандидатите треба да достават и доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

ЈСП ОБЈАВИ ОГЛАС ЗА ВОЗАЧИ Кандидатите треба да имаат минимум 2 години возачко искуство

ЈСП „Скопје“ објави оглас за вработување на возачи. На веб страната на јавното претпријатие...

Патничките возови 601 на релација Скопје – Велес и 2080 на релација Велес – Скопје нема да сообраќаат во периодот од 26 јуни до 10 јули, освен во недела кога ќе сообраќаат според возниот ред, информираат од ЈП ЖРСМ Инфраструктура.

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули! Патничките...