По три мандата имаат Социјалдемократите и Бошњачката партија, два СДП и два мандата двете листи на албанските партии.

Објавил: Владо Марин | 31 август, 2020 5:08

По 95 отсто од пребројаните гласови – Ѓукановиќ „падна“ по 31 година на власт

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Врз основа на 95 отсто од преброените гласачки ливчиња, црногорскиот Центар за мониторинг потврди во понеделникот во раните утрински часови дека опозицијата има мнозинство од гласовите во црногорскиот праламент, и оти владејачката Демократска партија на социјалистите на претседателот Мило Ѓукановиќ по 31 година треба да замине во опозиција, пренесува Нетпрес!

Според податоците на Центарот, ДПС на Ѓукановиќ има 30 мандати, коалицијата „За иднината на Црна Гора“ 27, „Мирот е нашата нација“ 10 мандати, а „Црно на бело“ четири мандати.

По три мандата имаат Социјалдемократите и Бошњачката партија, два СДП и два мандата двете листи на албанските партии.

Според збирот на гласовите, трите опозициски партии имаат 41 мандат, а доколку на тоа се додаат и трите мандата на СДП на Ранко Кривокапиќ, кој последните четири години ги мина во опозиција откако во 2016 година се судри со Ѓукановиќ и ја напушти владејачката коалиција во која беше 18 години, произлегува дека опозицијата има солидно мнозинство. Црногорскиот парламент има 81 пратеник.

Според податоците на Центарот, ДПС на Ѓукановиќ има 30 мандати, коалицијата „За иднината на Црна Гора“ 27, „Мирот е нашата нација“ 10 мандати, а „Црно на бело“ четири мандати.

Првиот следен чекор кој го најавуваат челниците на опозициските коалиции ќе биде формирање експертска влада којашто Црна Гора би ја водела до излегување од економската криза. Во првите говори по прогласувањето на победата, оваа идеја ја поддржаа челниците на сите три коалиции.

Политичкиот аналитичар Милош Бешиќ гостувајќи на Телевизија Вијести во текот на пристигнувањето на изборните резултати, дека Ѓукановиќ ја загубил власта поради усвојувањето на Законот за слободата на вероисповедта и судирот со Српската православна црква (СПЦ), која под мотото „не ги даваме светиите“ ги мобилизираше верниците, и организираше масовни протести против овој закон, според кој ќе ѝ беа одземени многу црковни поседи, вклучително и манастири и цркви. Покрај тоа, СПЦ имаше и удел во формирањето на опозициската коалиција „За иднината на Црна Гора“ којашто во Подгорица се дожувува како просрпска.

Ова особено беше видливо кога по прогласувањето на победата, на полноќ, лидерот на оваа опозиција, Здравко Кривокапиќ замина во Храмот на Христовото Воскресение каде го дочека митрополитот на СПЦ во Црна Гора, Амфилохие, додека неговите приврзаници во околината на храмот ја славеа изборната победа.

„Се случи слобода. По 31 година на една апсолутна власт мораше да се случи и ова. Ако ги погледаме резултатите, тие се дека 42 пратеници ѝ припаѓаат на опозиција, а 39 на сите останати“, изјави уште претходно Здравко Кривокапиќ, челник на коалицијата „За иднината на Црна Гора“ и порача дека коалицијата има „подава рака на помирување на сите“.

Порача дека коалицијата не сака реваншизам и ги повика своите приврзаници да останат вечерта во своите куќи.

„Црна Гора е поделена по сите шевови и доколку ние денеска не ја подадеме раката на помирување, тогашп нема никогаш нема да ја подадем. Ние ви ја подаваме“, рече Кривокапиќ.

Додаде дека оваа коалиција на сите национални партии има нуди да им пријдат на победниците „не затоа што сакаме да имаме секого со нас, туку зашто не можеме да ја градиме Црна Гора поинаку“,. „Црна Гора е мајка на сите нас“, рече Кривокапиќ во изборниот штаб.

Мило Ѓукановиќ беше црногорски премиер во шест мандати: од 1991 до 1993, од 1993 до 1996, од 1996 до 1998, од 2003 до 2006, од 2008 до 2010 и од 2012 до 2016 година, а претседател на Црна Гора во два мандата, од 1998 до 2002 година, како и во актуелниот мандат кој започна во април 2018 година. Севкупно значи 31 година, наспроти белорускиот претседател Александр Лукашенко кој е три години помалку на власт.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.