Во најголемиот судски процес пресуда за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата од 211 години затвор

Објавил: Узунов Бобан | 15 март, 2019 14:14

Правните небулози на казната затвор од 211 години ?

Фото/Текст извор: ©магазин

„Парламентот е место каде се води дискусија и со текот на времето ја добива функцијата на претставничко тело на граѓаните. Власта е во рацете на народот, но народот нема право да управува туку преку избраните претставници. Затоа ‘крвавиот четврток‘ не требаше да се случи. Презентирани беа повеќе снимки како докази на ОЈО и насилниот упад се гледа од сите нив. Но, сведоци бевме дека толпата не застана, туку тепаше и новинари и пратеници. 

Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста
Член 313
Тој што со намера да го загрози уставниот поредок или безбедноста на Република Македонија ќе предизвика или сериозно ќе се закани со предизвикување експлозија, пожар, поплава или друго општоопасно дејствие или акт на насилство, создавајќи чувство на несигурност или страв кај граѓаните, ќе се казни со затвор најмалку десет години.

Ова се зборовите на судијката Добрила Кацарска која го водеше еден од најголемите случаи во поновата историја на Македонија кој се однесуваше на случувањата од 27 април 2017 година кога беше незаконски избран сегашниот претседател на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери. Вкупната казна за сите сега веќе осудени изнесува 211 години и тоа за кривичното дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста по член 313 од Кривичниот законик.   


Според правни експерти кои ги консултиравме, најспорна точка од обвиниението кое не се докажало низ судскиот процес е намерата на осудените да го загрозат уставниот поредок на државата. Тоа е спорно по најмалку две основи. 


Прво, уставниот поредок на една држава се однесува на нејзиното уредување суверена, независна и демократска   држава со јасно утврдена, неделива и неотуѓива територија. Нејасно останува со кои дејствија на осудените беше загрозена  независноста и сувереноста на државата и дали истите прогласиле или пак давале изјави дека ќе воспостават нов систем на уредување на државата, политички или територијално ? 

Второ , ако ја следиме правната  логика, нели  пеењето на химната на друга држава на сред парламент или избор на претседател на парламентот за кој сеуште нема ниту записник дека е легално избран се поголеми елементи за загрозување на независноста и уставниот поредок на државата  и доведување во состојба на потчинетост на друга држава ?   

Иронијата да биде поголема, на Македонија во 2001 година и се случи вооружена окупација на територијата  за кој нема ни еден осуден за загрозување на уставниот поредок и независноста, а денес имаме граѓани кои влегле во Собрание осудени се на драконски казни.

Пеењето на химна на друга држава од страна на пратеникот  имплицира дека во македонскиот парламент суверениет има друга држава ? Нели изборот на претседател на Собрание за кој нема доказ во вид на записник колку пратеници се состанале, на кој ден и колку гласале за Талат Џафери да биде претседател  е пуч на институцијата Собрание на Република Македонија и загрозување на уставното уредување на државата бидејќи нема јасно  изразена волја на народот преку народните претставници дека токму тоа лице треба да ја извршува една од највисоките функции во државата.  

Овие два настани, мора да бидат разгледувани како обид за загрозување на независноста и сувереноста на државата и велепредавство ?  

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести