Православните христијански верници во Македонија и во Светот денеска го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божик, но поради пандемијата ќе изостане вообичаеното масовно одбележување пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.

Објавил: Македонка Димкин | 6 јануари, 2021 9:29

Православните христијани го слават Бадник, г.г. Стефан : Пандемијата докажа колку е немоќен човекот

Фото/Текст извор: ©магазин

Православните христијански верници во Македонија и во Светот денеска го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божик, но поради пандемијата ќе изостане вообичаеното масовно одбележување пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.

Одборот за прослава на Бадник, најави дека традицијата, сепак, продолжува и покрај ситуацијата со коронавирусот, водејќи сметка за сите заштитни мерки и протоколи. Кум на манифестацијата годинава е проф. д-р Никола Пановски, а здравичар проф. д-р Миодраг Врчаковски.

Нема да има делење на бадникови гранчиња во дворот на Соборниот храм „Климент Охридски“ во Скопје, туку на главниот влез на црквата и на влезот од страната на камбанаријата. Свештениците од Соборниот храм ќе ги осветат нафората, чајот и ракијата, како и бадникарските гранчиња, што годинашните кумови и здравичарот традиционално порано ги набраа на падините на Водно, а кои ќе им се делат бесплатно на присутните.

Нема да се одржат ниту традиционалните детски бадникови поворки како предвесник на утрешниот христијански празник Рождеството Христово – Божиќ. Во знак на симболично одржување на традицијата за формирање бадникови поворки на радоста и свечена најава на Христовото Раѓање, денеска точно во 12 часот во Скопје, озвучено возило на Здружението, во придружба на полициски возила, ќе ја помине традиционалната патека на движењето на бадниковите поворки во Скопје, од Црквата Св.Димитриј до Соборниот храм.

Пограварот на МОПЦ-ОС, г.г. Стефан во Божиќното послание порача дека пандемијатадокажа колку е човекот немоќен, но најстрашната пандемија, вели, е тоа што луѓето заборавија да Го љубат Бога и да ги љубат луѓето

„Состојбата која целиот свет ја преживува со пандемијата, ни докажа колку човекот е немоќен, и покрај сета своја самоувереност и покрај сите свои достигнувања и знаења. Но, најстрашната пандемија на денешницата е тоа што луѓето заборавија да Го љубат Бога и да ги љубат луѓето. Годината пред нас нека биде време на победа над злото и над непријателствата коишто владеат со светот, нека биде време благопријатно за изобилни духовни плодови и време во кое ќе заврши страдањето од подмолната болест“, вели  архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Религија

Се верува дека историскиот, социјалниот и политичкиот подем на Русија на светската сцена дојде со нејзиното  пристигнување во Русија и затоа оваа држава има водечка улога во православниот свет.

ОВАА ИКОНА НА МАЈКА БОГОРОДИЦА ТРИ ПАТИ ЈА СПАСИЛА РУСИЈА: Таа е заштитник на Русите!!

Иконата на Богородица Владимирска е една од најпочитуваните и светите икони на Православната...