Пратеникот Адеми за пукањето на свадбата

Објавил: Узунов Бобан | 29 август, 2019 9:18

Пратеникот Адеми за пукањето на свадбата: Куршумот го погоди син ми во грб!

Фото/Текст извор: ©магазин

Пратеникот на ДУИ, Џеват Адеми, по еден месец се огласи за инцидентот на свадба во Мала Речица, кога со огнено оружје неговиот син и уште едно друго лице беа ранети.

-Точно е дека моето семејство и јас бевме дел од оваа семејна забава каде десетици луѓе на недоличен начин пукаа со огнено оружје, но не е воопшто вистина дека сум пукал и јас. Јас и моето семејство седевме на маса, а син ми седеше пред мене. Куршумот го погоди во грб. Ова покажува дека дури и јас да сум пукал, не е можно тој да биде ранет бидејќи мојот син седеше спроти мене, изјави Адеми за Алсат.

За овој инцидент десетици граѓани беа повикани во полиција за да сведочат, но сè уште нема конкретен епилог кој пукал.

-Јас бев повикан во полиција и дадов изјава. Ми зедоа парафинска ракавица. Затоа ја охрабрувам, како полицијата, така и обвинителството да ја завршат својата работа и случајот да го истераат до крај. Никогаш не сум користел оружје на оваа семејна забава, па дури и остро ја осудувам употребата на оружје на вакви забави каде што честопати жртви се невини лица, вели Адеми.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести