За жал, и покрај почитувањето на сите мерки и протоколи од моја страна, истиот е позитивен!

Објавил: Владо Марин | 10 октомври, 2020 23:26

Пратеникот од СДСМ, Лазе Таневски заразен со Ковид-19

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Пратеникот од СДСМ, Лазе Таневски од Охрид е позитивен на коронавирусот. Тој на социјалните мрежи објави дека е заразен со вирусот, а неговото семејство се тестирало и сите се негативни.

„Почитувани пријатели,

Сакам да ве информирам дека поради приватно неодложно патување, самоицијативно направив тестирање на КОВИД 19.

За жал, и покрај почитувањето на сите мерки и протоколи од моја страна, истиот е позитивен. 

Воедно сакам да ве известам дека членовите од моето семејство се тестираа и сите се негативни.

Јас се чувствувам добро и немам никакви симптоми. Мерката за изолација ќе ја испочитувам како и сите други граѓани на нашата земја.

Со сето ова кажано чувствувам голема одговорност уште еднаш да упатам апел до сите и да ја нагласам сериозноста на вирусот и можноста за зараза со молба да бидете максимално внимателни. 

Со желба за побрзо оздравување и позитивни мисли Ве поздравувам.

Се гледаме наскоро“ – напиша Таневски на ФБ!

Денеска пратеникот на ДУИ, Исмаил Јахоски, е хоспитализиран откако се заразил со корона.

Собранието треба да има седница на 12 октомври, но спикерот Талат Џафери ќе се консултира околу ова со Комисијата за заразни болести.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.