После министерот Никола Димитров, пратеникот Влатко Ѓорчев е вториот македонски политичар кој се сретнал со Помпео

Објавил: Данаил Михајловски | 7 февруари, 2019 22:48

Пратеникот Ѓорчев се сретна со државниот секретар на САД, Мајк Помпео

Фото/Текст извор: ©магазин

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, кој престојува во Вашингтон за Молитвениот појадок во организација на американскиот претседател Доналд Трамп оствари средба со државниот секретар на САД, Мајк Помпео. Средбата на Ѓорчев со Помпео доаѓа по неговата кандидатура за претседател на државата кои ќе се одржат во Април-Мај оваа година, и само Ѓорчев и министерот Никола Димитров досега успеале да остварат средби со Мајк Помпео.

Средбата на пратеникот Влатко Ѓорчев со државниот секретар се остварила за време на молитвениот појадок кој се одржува во Вашингтон. Главната тема на разговор било како повеќе да се искористи македонско-американското сојузништво, во интерес на двете држави.

Изминативе денови Ѓорчев, како еден од претседателските кандидати на ВМРО-ДПМНЕ се сретна и со Сара Сандерс, портпаролка на Доналд Трамп, како и со американските сенатори Џејмс Инхоф (Републиканец) и Тим Кејн (Демократ). “За Македонија е важно да има отворени врати во Вашингтон. Секое пријателство и средба е можност да се кажат македонските аргументи. Македонија мора да гради силни сојузништва. На тој начин ги подобруваме позициите на Македонија“, напиша Влатко Ѓорчев на својот профил на Фејсбук.

Неколку актуелни политичари од Македонија се поканети на молитвениот појадок во Вашингтон, а меѓу нив и пратеникот Влатко Ѓорчев од парламентарната група на ВМРО-ДПМНЕ, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, вице-премиерот Бујар Османи од редовите на ДУИ, пратеничката Фросина Ременски од СДСМ, како и градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, како генерален секретар на Алијансата на Албанците. На молитвениот појадок е поканета и г-а Вилма Трајковска, вдовицата на загинатиот поранешен претседател на Македонија, Борис Трајковски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Македонија