Законодавниот дом во 30 минути ги изгласа измените на Законите и членовите на ДИК

Објавил: Мирко Бачиќ | 25 јули, 2018 18:59

Пратениците ги изгласаа сите политички одлуки

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пратениците по “скратена” постапка ги изгласаа сите предлог измени на Закони и новиот состав на ДИК а по прегледот во матичните комисии ќе се прегласаат одлуките. Дневниот ред беше изгласан со 99 гласови.

Без дискусија – со 100 гласа “за” беше изгласан новиот состав на Државната изборна комисија.  Оливер Дерковски од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде претседател на Комисијата а негов потпретседател ќе биде Дитмире Шеху од редовите на ДУИ. Елизабета Постоловска е избрана како член од ВМРО-ДПМНЕ. Борче Кондарко – Јанакие Витановски и Радица Ристевски се членови од СДСМ. Во ДИК од партијата Беса на Касами ќе биде Енвер Салиу.

Со 93 гласа “за” и 1 “против” се изгласа потребата измените во Изборниот законик кои се однесуваат на финансирањето да се донесат по скратена постапка.

Измените за Законот за Влада и Законот за финансирање на партиите беа едногласно изгласани со 96 гласа.

Гласањето за потребата законите да се носат по скратена постапка помина без образложување од страна на предлагачите.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика