четврток, 25 април 2024

MK/ EN/ DE



Во земјава следуваше и посета на еврокомесарот Јоханес Хан и в.д. помошник заменик државен секретар на САД, Филип Рикиер, кој испратија јасни пораки дека овој Закон за јавно обвинителство мора да се донесе. Рикер беше и остар кон опозицијата упатувајќи пораки дека времето на политички игри е завршено.

Објавил: Катерина Крстиќ | 28 јули, 2019 14:24

Пратениците заминуваат на годишен одмор – во август ќе се расправа за јавното обвинителство

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, седницата ја закажа за 27 август, што значи дека пратениците прво ќе одат на одмор, а кога ќе се вратат ќе расправаат за Законот за јавно обвинителство.

Пратениците ќе одат на годишен одмор. Претседателот на Собранието, Талат Џафери, седницата за Законот за јавно обвинителство ја закажа за 27 август.

Владата испрати свој предлог до законодавниот дом во кој ги прифати дел од забелешките на опозицијата и предложи спојување на СЈО со Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Предметите на СЈО, според тој предлог, кои се во судска постапка ќе ги преземе новото обвинителство. Исто така, се предлага ресурсите со кои располагаше Катица Јанева да ги преземе тоа обвинителство. Премиерот Зоран Заев кога го презентираше предлог-законот, рече Вилма Русковска да остане на чело на обвинителството бидејќи се уште има мандат, а обвинителите од СЈО ако сакаат да конкурираат за обвинители во него, па да одлучува судскиот совет.

Во земјава следуваше и посета на еврокомесарот Јоханес Хан и в.д. помошник заменик државен секретар на САД, Филип Рикиер, кој испратија јасни пораки дека овој Закон за јавно обвинителство мора да се донесе. Рикер беше и остар кон опозицијата упатувајќи пораки дека времето на политички игри е завршено.

Паралелно и ВМРО-ДПМНЕ излезе со свој предлог-закон. Мицкоски побара предметите на СЈО да ги преземе државниот обвинител Љубомир Јовески, а обвинителите од СЈО прво да подлежат на истрага, па потоа да се избираат дали ќе работат во новото обвинителство или не.

Приближувања од првичните ставови во преговорите кои траат со месеци има, но засега нема никакви сигнали за конечен договор меѓу власта и опозицијата.

Извор Лидер.мк

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.