Централниот комитет на ВМРО - ДПМНЕ со барање пратениците кои гласаа за уставни измени да ги вратат мандатите, затоа што ја изневериле волјата на народот и програмските определби

Објавил: Мирко Бачиќ | 23 октомври, 2018 6:36

Пратениците кои гласаа за уставни измени да ги вратат мандатите

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

На синоќешниот Централен комитет на ВМРО – ДПМНЕ, донесена и одлука во врска со исклучените пратеници кои гласаа за уставни измени во петокот.

Централниот Комитет побара 8-те пратеници кои што мандатот го добија затоа што беа на листата на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО- ДПМНЕ, а го изневерија народот како и програмата заради која што се избрани, веднаш да поднесат оставки на своите позиции, затоа што работат спротивно на волјата на граѓаните. – изјави потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Александар Николовски по состанокот на партискиот Централен комитет.

Николоски во продолжение додаде.

Тие кои учествуваа во нивно убедување, уценување, поткупување, па дури и физичка закана дел беа разрешени, а за дел бараме од општинските комитети да ги исклучат од членството. Централниот Комитет го повикува Јавното обвинителство по допрен глас да ги истражи наводите за притисоци, закани, уцени и поткуп на пратеници. – изјави Николоски.

ВМРО – ДПМНЕ, како што најави Николовски ќе ги исклучи од партијата сите што во иднина ќе гласаат за уставни измени.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести