ВМРО - ДПМНЕ со редовни координации на пратеничката група и партиското раководство, пред вечерашниот ЦК на кој ќе се започне подготовката за предвремени избори за пратеници

Објавил: Мирко Бачиќ | 12 октомври, 2018 13:45

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на координација со партиското раководство

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Пратениците на ВМРО – ДПМНЕ денес пред почетокот на продолжението на седницата на Комисијата за уставни прашања одржуваат координација со партиското раководство.

Координацијата се одржува во седиштето на ВМРО – ДПМНЕ.

Почетокот на продолжението на Комисијата за уставни прашања на која треба да продолжи претресот за Предлогот за пристапување кон уставни измени е закажан во 14 часот.

Претресот по оваа точка на дневниот ред почна во средата. Предлогот за уставни измени го образложи премиерот Зоран Заев.

Во дебатата по претресот учествуваа пратеници од сите пратенички групи, вклучувајќи ги и пратениците од ВМРО – ДПМНЕ кои гласаа против дневниот ред.

ВМРО – ДПМНЕ вечерва ќе оддржи седница на ИК, на која како што најави претседателот на партијата Христијан Мицкоски, ќе се заокружат подготвките за предвремени парламентарни избори.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика