„Денес попладнево ненадејно добив покачена температура и омалаксаност додека бев на седница на Собрание.

Објавил: Перо Милчин | 29 октомври, 2020 8:41

Пратеничката Славјанка Петровска позитивна на ковид 19!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска, која беше дополнителен заменик министер за внатрешни работи во техничката влада, објави дека е позитивна на корона вирусот.

„Денес попладнево ненадејно добив покачена температура и омалаксаност додека бев на седница на Собрание.

Попладнево се тестирав и за жал резултатот е позитивен. Изминативе денови имав ограничени движење и физичко присуство на состаноци, каде постојано носев заштитна маска. Ги почитував правилата, но очигледно е дека имало момент на невнимание. Ве замолувам бидете внимателни, болниците се преполни, лекарите изморени, а ние сме лесно ранливи“, напиша Петровска на фејсбук.

Синоќа пратениците на македонското Собрание ги донесе измените на Законот за заштита на населението од заразни болести. Со овие измени од денеска носењето маски на отворено е задолжително!

Носењето маска на отворено не е задолжително при спортување на отворен простор, при возење во приватно патничко возило, ако возачот е сам или со лице со кое живее во заедницата, при престојување во двор во семејна куќа со лица од истата семејна заедница, или во угостителски објект каде се применуваат специфичните протоколи за заштита.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести