На овој предлог засега реагираше само нивниот колега, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски: „Во обид да се истакнат пред ‘шефовите’ во владата, овие пратеници со ваквиот предлог сериозно го загрозуваат стандардот на илјадници студенти и го укинуваат нивното стекнато право на студентски оброк“, напиша на својот фејсбук-профил Милошоски

Објавил: Перо Милчин | 12 ноември, 2022 13:58

Пратенички на СДСМ и ЛДП предлагаат укинување на студентски оброк за голем број студенти

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Десет пратенички и еден пратеник по скратена постапка предлагаат измени во Законот за субвенциониран студентски оброк, со кои измени на голем број студенти би им се укинал студенсткиот оброк.

Пратеничките од СДСМ и ЛДП Жаклина Лазаревска, Моника Зајкова, Санела Шкрељ, Даниела Николова, Љатифе Шиковска, Лидија Тасевска, Емилија Рамбабова, Драгица Ѓавочанова, Даниела Колева и независниот пратеник Зеќир Рамчиловиќ предложија измена на Законот за субвенциониран студентски оброк. Тие предлагаат субвенциониран студентски оброк да не добиваат студентите кои добиваат стипендија и оние чии родител/и имаат месечен приход над 18.000 денари. Предлогот е да им се укине правото на субвенционират студентски оброк и на апсолвентите.

На овој предлог засега реагираше само нивниот колега, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски: „Во обид да се истакнат пред ‘шефовите’ во владата, овие пратеници со ваквиот предлог сериозно го загрозуваат стандардот на илјадници студенти и го укинуваат нивното стекнато право на студентски оброк“, напиша на својот фејсбук-профил Милошоски!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести