ММФ за Западен Балкан вели дека ја корегирала претпоставката за падот на економијата. Тезата дека мора да има пад во економијата ниту во минатото, ниту сега не ја негира, вели Мицкоски!

Објавил: Владо Марин | 30 септември, 2020 10:02

Прашањето е за што се трошат парите кога државниот долг е зголемен за една милијарда евра, а како потрошиле само 190 милиони евра

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

ММФ за Западен Балкан вели дека ја корегирала претпоставката за падот на економијата. Тезата дека мора да има пад во економијата ниту во минатото, ниту сега не ја негира.

Прашањето е за што се трошат народните пари, ако вие имате реализиација во првите три пакети од 195, 196 милиони евра, а биле предвидени 550. Истовремено државниот долг само во вториот квартал е зголемен за една милијарда евра, ако имаме на дневна основа троцифрена бројка на заразени од КОВИД затоа што никако не излегуваме од овој прв бран кој прогласивме дека сме го победиле во втората половина на мај, тогаш во четвртиот пакет очекувате дека ќе има реални мерки, а не ова што се понуди, рече Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето во емисијата Топ тема на телевизија Телма.

Тој посочи дека допрва очекува реални забелешки.

-Забелешките ценам допрва ќе следат, зошто испораката е многу важна. Значи важно е дали и како ќе се спроведуваат мерките зошто овие до сефа не беа реализиарни, рече Мицкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.