56- годишната Шарман која е вработена во Кралскиот колеџ во Лондон тврди дека мора да постои живот и надвор од планетата Земја пренесе Би-би-си.

Објавил: Катерина Крстиќ | 14 јануари, 2020 10:47

Првата Британка астронаут тврди: Вонземјани постојат и живеат меѓу нас?!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Првата британска астронаутка Хелен Шарман за списанието „Обсервер“ тврди дека вонземјаните постојат и можно е тие веќе да се наоѓаат меѓу нас на Земјата.

56- годишната Шарман која е вработена во Кралскиот колеџ во Лондон тврди дека мора да постои живот и надвор од планетата Земја пренесе Би-би-си.

Шарман е првата од седумте Британци што биле во вселената…

Шарман во 1991 година ја посети советската вселенска станица „Мир“.

– Вонземјаните веројатно не се како луѓето. Можно е тие да се веќе меѓу нас и ние едноставно да не можеме да ги видиме – вели Шарман.

Шарман упати критики до медиумите и вели дека таа всушност е првата личност од Велика Британија што била во вселената а не е„првата Британка во вселената“ како што тие ја опишуваат.

– Кога Тим Пик отиде во вселената, некои луѓе едноставно заборавија на мене. Би било „нормално“ еден маж да отиде прв, но морам да кажам дека сум среќна што го нарушив тој ред – истакна таа.

На само 27 години Шарман е првата од седумте Британци што биле во вселената, и меѓудругото помина осум дена во вселената. Тоа ја направи една од најмладите луѓе што биле во вселената.

 Шарман  вели дека кога била во вселената сфатила дека живееме за луѓето што ги сакаме.

– Таму горе имавме сè што ни требаше за да преживееме, соодветна температура, храна, пијалак и безбедност. Јас дури и не размислував за физичките работи што ги поседувам на Земјата. А кога летавме над одредени делови на планетата, секогаш размислувавме за луѓето што ги сакаме – заклучи Шарман.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.