Коронавирусот, сега има официјално име, COVID-19, наместо досегашното привремено 2019-nCoV. Именувањето го потврди денеска генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Адханом Гебрејесус.

Објавил: Катерина Крстиќ | 11 февруари, 2020 19:10

Првата вакцина за смртоносниот коронавирус ќе биде готова за 18 месеци

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

За околу 18 месеци се очекува да биде произведена вакцина за новиот смртоносен коронавирус кој до сега однесе 1.017 животи а се заболени 42.708.

Тешка акутна респираторна синдром (САРС) е заразна болест која за прв пат е забележана во ноември 2002 година во кинеската провинција Гуангдонг.  Според Институтот за тропска медицина Бернхард Нохт во Хамбург, клиничката слика одговара на атипична пневмонија. Предизвикувачкиот агенс на САРС бил претходно непознат корона вирус, кој сега е познат како САРС-поврзан вирус корона (САРС-КоВ). Единствено најголемо појавување на болеста досега е пандемијата на САРС во 2002/2003 година, со околу илјада жртви.

Коронавирусот, сега има официјално име, COVID-19, наместо досегашното привремено 2019-nCoV. Именувањето го потврди денеска генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Адханом Гебрејесус.

– Требаше да најдеме име што не се однесува на географска локација, животно, индивидуа или група на луѓе и што, исто така, е експлицитно поврзано со болеста, изјави Гебрејесус.Ни дава стандарден формат за употреба за која било идна епидемија на коронавирус, објасни извршниот директор.Тој најави дека првата вакцина против коронавирус ќе биде готова за 18 месеци.

Тој најави дека првата вакцина може да биде готова за околу 18 месеци така што ќе мора да користиме сè што е на располагање денес за борба против овој вирус.

Гебрејесус објасни дека коронавирусот полесно се пренесува од човек-на-човек, но не е толку тежок како САРС-от. Генералниот директор го повика светот да ги здружи силите против коронавирусот за да избегне уште повеќе случаи и далеку поголеми загуби.

Надвор од Кина има 393 заразени во 24 држави и еден починат од тој вирус.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.