Проф. д-р Елизабета Ѓоргиевска (47), вработена на Клиниката за детска и превентивна стоматологија и професорка на Стоматолошкиот факултет при УКИМ во Скопје.

Објавил: Весна Петровска | 10 јули, 2019 20:28

Првата дама на Македонија открива – се облекувам како што живеам!

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Правата дама во земјава за Независен изјави дека се облекува онакака како што живее- едноставно.

Проф. д-р Елизабета Ѓоргиевска (47), вработена на Клиниката за детска и превентивна стоматологија и професорка на Стоматолошкиот факултет при УКИМ во Скопје.

-Имам едноставен стил на облекување, но комплициран конфекциски број. Ретко наоѓам облека со соодветна величина, поради што често и да не сакам, мора да шијам по мерка. Особено кога се работи за вечерни и свечени фустани. Сакам едноставни линии, сведена облека со понекој модерен детаљ, јака што завршува со панделка, ракав што завршува со карнер. Многу често правам комбинации во црна и бела боја, а откако сфатив дека во мојот гардеробер преовладува црна облека, почнав да избирам фустани во живи бои. Розовата боја за мене не е само боја на сезоната, туку и моја омилена боја: од нежно розе до маркантна магента. Костумот и сакото не се вклопуваат во мојот стил, па наместо нив, носам фустан со болеро, или едноставно само фустан. Го украсувам со накит, или марама. Бисерите ми се омилени: околу вратот, на обетките и на нараквиците, вели Ѓоргиевска.

Мораме да признаеме дека и претседателот Пендаровски е секогаш среден, независно дали е во костум со вратоврска или без вратоврска или во комбинација на џемпер со кошула. Неговата самоувереност и елоквентност се одразуваат и на изгледот, а сериозен шмек му даваат и добро избраните рамки на очила.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.