На гранд при во Австралија

Објавил: Узунов Бобан | 16 март, 2019 10:11

Првата пол позиција во новата сезона за Луис Хамилтон

Фото/Текст извор: ©магазин

Почна новата сезона во Формула 1, а пол позицијата во трката за големата награда на Австралија ја освои актуелниот шампион Луис Хамилтон кој достигна два рекорди на Михаел Шумахер. 

Мерцедес доминираше на денешните квалификации во Австралија, Луис Хамилтон беше најбрз, а за 112 илјадитинки од секундата неговиот тимски колега Валтери Ботас имаше послабо време.
 
Од третото место ќе стартува Себастијан Фетел, но вториот болид на Ферари не беше зад него, Шарл Леклер заврши петти, четвртата позиција му припадна на Макс Верстапен од Ред Бул. 
 
Шести и седми беа Грожан и Магнусен од Хас, а осмата позиција му припадна на дебитантот Ландо Норис од Мекларен.
 
Со оваа 84. пол позиција Хамилтон изедначи два рекорда. Едниот е на Михаел Шумахер и Аиртон Сена со осум пол позиции на иста трка (Шумахер во Сузука, Сена во Имола), а вториот е број на пол позиции во еден ист тим, 58 колку што има и Шумахер во Ферари.
 
Ова беше шеста едноподруга пол позиција за Хамилтон во Австралија, но тоа само еднаш му донело победа. Па оттука ништо не е загарантирано на утрешната трка која почнува во 6 часот и 10 минути.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.