На средбата се разговараше за потребите на Јавното обвинителство и зајакнување на кадровските капацитети што би довело до подобрување на ефикасноста во постапувањето по предметите.

Објавил: Владо Марин | 10 септември, 2020 7:40

Прва официјална средба на министерот за правда Маричиќ со Јавниот обвинител Јовески: Тема- Спроведувањето на Законот за Јавното обвинителство

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Пред два дена во Министерството за правда се одржа првата официјална средба на министерот за правда Бојан Маричиќ со Јавниот обвинител Љубомир Јовески. Спроведувањето на Законот за Јавното обвинителство и Законот за Советот на јавните обвинители беа главната тема на дискусија на неодамнешната средба. 

На средбата се разговараше за потребите на Јавното обвинителство и зајакнување на кадровските капацитети што би довело до подобрување на ефикасноста во постапувањето по предметите. 
 
Министерот Маричиќ истакна дека придобивките од новиот Закон за Јавното обвинителство се веќе видливи, алудирајќи на започнатата постапка за избор на пет нови обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. 
 
Министерот Маричиќ потенцираше дека кадровското зајакнување со стручни соработници за секој јавен обвинител ќе биде вистински ветар во грб и ќе овозможи поефикасна борба против корупцијата, како еден од најгорливите проблеми на нашето општество и истакна дека очекува беспоштедна борба против криминалот и корупцијата.
 
Воедно, тема на разговор беше и донесувањето на подзаконските акти кои произлегуваат од Законот за Јавното обвинителство, а кои се мошне значајни и се однесуваат на постапката и критериумите за оценување на обвинителите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Закони

Исклучок од забраната и посебниот режим на движење се вечерните часови од 1 мај до 2 мај, односно за време на верскиот празник Велигден, како и вечерта на 12 мај за време на верскиот празник Рамазан Бајрам.

Се отвораат терасите на кафеаните и кафулињата, јавниот превоз до 21 часот

На вчерашната 67 седница, Владата ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести...

Државниот пазарен инспекторат спроведе 4.591 контроли и 623 надзори поврзани со почитување на здравствените протоколи и закони.

Инспекциите спроведоа вкупно 6.038 контроли и надзори, затворени се три угостителски објекти за непочитување на новите рестриктивни мерки

По една недела од воведувањето на новите рестриктивни мерки за  заштита на здравјето...

Министерот Филипче на прес-конференција ќе ги соопшти деталите, односно колку време ќе трае овој нов полициски час.

МАКЕДОНИЈА ПОД КЛУЧ: Владата го усвои предлогот – од утре полициски час од 20 часот

Владата на денешната седница го усвои предлогот на кризниот штаб, и одлучи од утре ...

Мицевски го повтори ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека пописот ќе биде нереален и упати критики дека ниту еден нивни амандман не бил прифатен.

Попис во април, Собранието со 62 гласа „за“ го изгласа Законот

Со 62 гласа „за“ Собранието денеска го изгласа Законот за попис на населението и домаќинствата,...