Донев вели дека согласно протоколите за прием, но и за коронавирус, Јанкулоска ќе биде најмалку 15 дена во карантинско одделение.

Објавил: Владо Марин | 29 септември, 2020 6:37

ПРВА ФОТОГРАФИЈА НА ЈАНКУЛОВСКА ВО ИДРИЗОВО: Со лисици и заштитна маска влезе во затворот на издржување на затворската казна

Фото/Текст извор: ©tv 24

Екс министерската за внатрешни работи Гордана Јанкулоска вчера попладне беше спроведена во затворот Идризово, потврди за тв 24 директорот на Идризово, Ацо Донев.

Донев вели дека согласно протоколите за прием, но и за коронавирус, Јанкулоска ќе биде најмалку 15 дена во карантинско одделение.

Со оглед на заканите кои на социјалните мрежи до Јанкулоска ги испрати Станислава Чочоровска уи на кои се повикуваше одбраната, директорот на Идризово тврди дека како и за секој затвореник ќе се направи безбедноста проценка дали ќе има посебни мерки. Донев вели дека тие на сите затвореници им ја гарантираат безбедноста.

Јанкулоска во Идризово беше спроведена со полициска приидружба откако за тоа наредба дал судија за извршување на санкции. Од Кривичниот суд за тв 24 велат дека пресудата од Врховниот суд денеска стигнала до нив и експресно била дадена наредба за извршување.

Гордана Јанкулоска е осудена на 4 години затвор во предметот „Тенк“ за злоупотреба на службената должност и овластување. Освен Јанкуловска, во овој предметот како виновни се прогласени Ѓоко Поповски (кој веќе е во извршување на казната затвор) и Никола Груевски кој моментално е во бегство во Унгарија, (осуден на две години затвор).

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.