Не мора да следите точна диета по хируршки зафат на дебелото црево, но промените во Вашето дебело црево предизвикани од хирургијата може да предизвикаат гасови или мекост на столицата.

Објавил: Рејхан Бајрами | 10 јануари, 2021 19:41

ПРВИОТ СИМПТОМ НА РАК НА ДЕБЕЛО ЦРЕВО: Сè започнува со ова, НЕ Е ДОБРО, не го игнорирајте ОВА

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Рак на колонот или ректумот (колоректален рак) се видови рак на дебелото црево. Дебелото црево е дел од дигестивниот систем. Неговите две главни функции се да заврши со варењето на храната преку апсорбирање вода и хранливи материи и да се ослободи од останатите отпадни материи.

Ракот на дебелото црево започнува на два начина.

Може да израсне од внатрешнот клеточен слој на цревото или може да израсне од мала испакната површина што личи на печурка, наречена полип. Поголемиот број на полипи се безопасни, но некои може да бидат канцерогени (малигни).

Ракот на дебелото црево е вториот најчест вид на рак што ги зафаќа луѓето од NSW со околу 6.000 нови случаи дијагностицирани секоја година. Иако најчесто ги зафаќа луѓето над 50 година, ракот на дебелото црево може да се јави на која било возраст.

Не мора да следите точна диета по хируршки зафат на дебелото црево, но промените во Вашето дебело црево предизвикани од хирургијата може да предизвикаат гасови или мекост на столицата.

Тестовите за дијагностицирање на ракот на дебелото црево се:

  • лекарски преглед кај Вашиот лекар,
  • крвни тестови,
  • тест за присуство на окултна крв во столицата, (тука преземете го листот со факти)
  • колоноскопија (се користи за откривање на знаци за рак во внатрешноста на целото црево)
    • Виртуелна колоноскопија (тип на скен со КТ што дава слика од колонот)
    • Бариумова каша (тип на испитување со рендгенска снимка)
    • Скен со КТ (компјутерска томографија) (испитување за кое се користат рендгенски зраци за добивање на слики од внатрешноста на Вашето тело).
    • Скен со МРИ (снимање со магнетна резонанца) (детално слики од напречни пресеци на Вашето тело).
    • Скен со ПЕТ (томографија со емисија на позитрони)
    • Ултразвук (користи звучни бранови за создавање на слики од Вашето тело).
    • Ендорекатален ултразвук (се користи ако другите тестови откријат рак во ректумот или анусот).

Колку многу ракот се проширил се определува со стадиуми. Определувањето на стадиумот му помага на Вашиот лекар да Ви го препорача најдобриот третман за Вас.

Лекарите можат да го определат стадиумот на Вашиот рак, или пак ако се врши отстранување на ткиво (биопсија), Вашиот лекар ќе може попрецизно да Ви го определи стадиумот.

Лекарите често се служат со меѓународниот систем за стадиуми наречен TNM:

  • T — упатува на големината на тумрот
  • N — опишува дали ракот се прошил до лимфните јазли
  • M — опишува дали ракот се проширил до други делови од телото (метастазирал).

Ако имате хируршка интервенција за рак на дебелото црево, ќе имате лузна која се протега од папокот до Вашата срамна област. Можеби ќе имате потреба од привремена или трајна колоностомија (стома) во зависност од типот на хирургија.

Има три главни типови на хирургија за рак во ректумот или анусот.

  • Антериорна ресекција – Ракот и околното ткиво, вклучително отстранување на околните лимфни јазли.
  • Абдоминоперинеална (AP) ресекција – Тоа е поредок тип на ректална хирургија кога се отстрануваат ректумот и анусот.
  • Локална ексцизија – Се става туба во ректумот и долниот дел од колонот и ракот се отстранува без сечење низ абдоменот.

Не мора да следите точна диета по хируршки зафат на дебелото црево, но промените во Вашето дебело црево предизвикани од хирургијата може да предизвикаат гасови или мекост на столицата.

Таблетите со медицински јаглен и јогуртот може да Ви олеснат. Некои видови на храна може да предизвикаат иритабилност или блокирање на Вашето дебело црево. Во нив спаѓа храната со висока содржина на влакна, како на пример портокалите, јагодите и јаболката, свежиот зеленчук, како зелката, зелената салата и целерот, некои видови на варен зеленчук, како на пример спанаќот, грашокот и пченката, пуканките, лешниците, кокосот, сезонска храна, домати и храна со семе или јатка. Пиењето најмалку шест до осум чаши вода дневно помага за подобрување на каква било констипација. Овошјето или сокот од сливи исто така може да помогнат.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Совети

Водата е неопходна за правилно функционирање на телото. Околу 2/3 од телесната тежина кај луѓето отпаѓаат на водата. Човечкото тело губи најмногу вода преку дишењето и потењето.

Што да не пиете ако сте дехидрирани!

До дехидрација најлесно може да дојде во текот на летото, особено во жежок август, кога...

Но секако ниту еден дом не смее да помине без прекрсната божиќна ѕвезда, или божиќното цвеќе кое внесува раскош во домот. 

Неколку трикови како да одгледувате Божиќна ѕвезда – најубавиот декор во домот!

Ова е периодот од годината кога новогодишната магија настапува во сечиј дом. Секако...

Мевлемот ги елиминира вишокот маснотии и вода од организмот, но ја подобрува и функцијата на мозокот, го подобрува памтењето, го подобрува слухот и видот.

РЕЦЕПТ ЗА УСПЕШНО СЛАБЕЕЊЕ: Свеж рен, лимон и мед!

Испробан рецепт за слабеење околу половината. Многу стар рецепт кој моментално станува...