На самиот почеток од следната недела, поради поголемото заладување на времето и продорот на значително постуден воздух од север, услови за повремени врнежи од снег ќе има и на некои пониски места.

Објавил: admin@magazin | 27 ноември, 2020 7:10

ПРВИЧНИ ИНФОРМАЦИИ: НОВ СТУДЕН БРАН СЕ ДВИЖИ КОН МАКЕДОНИЈА – ЌЕ ДОНЕСЕ ДОЖД И СНЕГ

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

До сабота ќе продолжи периодот на стабилно и суво време, со појава на магла и на ниска облачност по одделни котлини, особено во ноќните и во претпладневните часови. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени.

Потоа од недела следува променливо време со повремени врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините, температурите ќе бележат тенденција на значителен пад а сево ова ќе биде проследено со умерен до засилен ветер од северен правец.

На самиот почеток од следната недела, поради поголемото заладување на времето и продорот на значително постуден воздух од север, услови за повремени врнежи од снег ќе има и на некои пониски места.

Во Скопје и околината до сабота ќе се задржи стабилно и суво, со услови за појава на магла и ниска облачност, особено во ноќните и во утринските часови. Максималната дневна температура се очекува да се искачи до околу 9 степени, од недела следува променливо време со услови за повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен ветер од северен правец. Поради значителното заладување, на самиот почетокот од следната недела и во Скопскиот регион ќе има услови за провејување на снег.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...