Локално ќе има услови и за ретка појава на грмежи а услови за врнежи од снег ќе има на највисоките планини во северозападните предели.

Објавил: admin@magazin | 11 јануари, 2021 9:21

ПРВИЧНИ ИНФОРМАЦИИ: ПО ОБИЛНИТЕ ДОЖДОВИ – СИБИРСКИ БРАН СЕ ДВИЖИ КОН ДРЖАВАВА

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денес нашата територија и понатаму ќе се наоѓа под влијание на циклонска активност и на изразена влажна воздушна маса која ќе услови облачно време со ПОИНТЕНЗИВНИ врнежи од дожд и до крајот на денов локално ќе наврнат нови над 30 л/м2 воден талог.

Локално ќе има услови и за ретка појава на грмежи а услови за врнежи од снег ќе има на највисоките планини во северозападните предели.

Ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец кој понекаде повремено ќе засилува, максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 12 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде облачно со врнежи од дожд кој повремено ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ. Ќе започне да дува слаб до умерен ветер од северен правец и истиот повремено ќе засилува. Максималната дневна температура денес во Скопје ќе се искачи до околу 5 степени.

Потоа од утре па во следните денови нашата територија ќе се наоѓа под влијание на постудена воздушна маса која ќе услови намалување на температурите на воздухот и повремени локални врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините, кој поради падот на температурите на воздухот ќе преминуваат во снег и на некои пониски места, особено од среда во вечерните часови.

Температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 11 степени, уште поголем пад на истите поради понатамошно спуштање на студената воздушна маса од север ќе има од четврток.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...