Државната изборна комисија ги прегледува гласачките ливчиња, од прегледани 30 отсто, со "за" на референдумското прашање се изјасниле 90.94 проценти, а "против" се 6.31 проценти

Објавил: Мартин Попоски | 30 септември, 2018 21:01

Првични резултати: 90 проценти гласале “ЗА”, “Против” гласале 6.3 отсто

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Според првичните податоци што ги објави Државната изборна комисија (ДИК) на својата веб страница од обработени 30 проценти од избирачките места, “за” на референдумското прашање се изјасниле 90.94 проценти, а “против” се 6.31 проценти.

Граѓаните на Македонија на денешниот референдум се изјаснуваа за прашањето “Дали сте за члество во ЕУ и НАТО со прифање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција”.

Одѕивот на референдумот до 18.30 изнесуваше 34.09 проценти.

На полноќ се очекува Државната изборна комисија на Македонија да ги објави и првичните неофицијални резултати по што нема да прогласи успешен или неуспешен референдум затоа што истиот немаше обврзувачки карактер туку беше консултативен.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Референдум

Во одредени избирачки места се гласало на секои 9 до рекордните 5.4 секунди во Центар Жупа, со што во последните 30 минути од референдумот се уфрлени над 50.000 ливчиња

Во Центар Жупа рекордно се “гласало” на секои 5 секунди

Обвинувањата од страна на ВМРО – ДПМНЕ и Светскиот Македонски Конгрес, кои сметаат...

Министерството за надворешни работи на Грција со изјава во која стои дека и самите се збунети што се случи во Македонија и дека коментарите се контрадикторни со реалноста

Грција е збунета кој што слави во Македонија

Голем дел од општеството го поддржа договорот, друг дел го гледа со скептицизам, но...

По "далеку од здрав разум" изјавите на Заев и Ахмети, се јави и нивниот ментор, Јоханес Хан кој честита пропаднат референдум

Хан им честита на малцинството граѓани кои гласаа на пропаднатиот референдум

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан смета дека гласовите “за“ на референдумот...