Нови детали изнесуваат српските медиуми за несреќата во Србија и објавија фотографии од местото каде се случила сообраќајната несреќа.

Објавил: Весна Петровска | 7 декември, 2019 14:04

ПРВИ ФОТОГРАФИИ ОД МЕСТОТО НА ТЕШКАТА НЕСРЕЌА НА ПАТОТ ЗА КОПАОНИК: Повредени 18 лица, а 4 се борат за живот

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Нови детали изнесуваат српските медиуми за несреќата во Србија и објавија фотографии од местото каде се случила сообраќајната несреќа.

-Честири лица се тешко повредено, а 16 се полесно повредени во сообраќајна несреќа на автопатот Прокупље – Блаце, кај Белољин, кога околу 10 часот се преврте автобус од Северна Македонија, кој превезувал патници до Копаоник, јавува РТС.

 

Според  информациите, четири лица се тешко повредени и се пренесени во болница во Прокупље. Шеснаесет лица  со полесни повреди се згрижени во Здравствениот дом во Блаце.

-Екипата за Итни случаи на нашиот здравствен центар веднаш излезе на теренот, им помагна на повредените и во тек е нивна згрижување, велат од Здравствениот дом во Блаце.

Засега не е позната причината за несреќата, а овој пат, на кој има чести сообраќајни несреќи, е во фаза на реконструкција од минатиот месец, со посебен режими на сообраќај во зависност од работите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.