Трамп се појави на телевизијата Фокс њуз, каде рече дека се чувствува многу добро.

Објавил: Владо Марин | 10 октомври, 2020 19:30

ПРВО ИНТЕРВЈУ НА ТРАМП ПО ИЗЛЕГУВАЊЕТО ОД БОЛНИЦА: Ова е многу заразна болест(ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Доналд Трамп го даде своето прво интервју на телевизија пред камера откако на 1 октомври му беше дијагностициран коронавирус.

Трамп се појави на телевизијата Фокс њуз, каде рече дека се чувствува многу добро.

Во разговор со д-р Марк Сигел, тој рече дека е повторно тестиран и дека смета дека е негативен на корона вирусот!

На прашањето како се чувствуваше во болницата, тој рече дека е уморен и дека ја нема енергијата што ја има нормално.

„Тие сакаа да ме остават под опсервација, но јас сакав да заминам по првиот ден“, рече Трамп.

Тој ги пофали болницата и лекарите кои се грижеа за него. Тој додаде дека сметал дека е важно рано да открие дека е заразен.

На прашањето дали имал идеја како се заразил со коронавирусот, тој одговори:

„Не знам. Имавме неколку големи настани во Белата куќа и можеби таму.

„Ова е многу заразна болест“, заклучи Трамп.

Тој додаде дека денес планира да одржи говор од балконот на Белата куќа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.